Влегол со сила, украл телевизор, велешанец фатен и приведен

lisici

На 27 март 2026 година околу 15:00 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Б.З. (30) од Велес, поради сомнение дека извршил тешка кражба.

Според информациите, осомничениот со употреба на сила влегол во домот на Р.Т. (55) од Велес, при што одзел телевизор. По преземените мерки од страна на полицијата, украдениот предмет бил пронајден кај сторителот и вратен на сопственикот.

Agria

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Велес. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: