Почина велешанецот Зоран Маневски, основачот на Камерниот оркестар на Битола и поранешен член на велешката група „Негрос“

Почина велешанецот Зоран Маневски, професор по виолина, музички педагог и естраден уметник, кој зад себе остави длабока трага во македонската музичка сцена.

Роден во Велес, Маневски уште од најрана возраст ја започнал својата музичка приказна, која подоцна ќе ја развива и гради низ целата своја професионална кариера. Иако најголем дел од работниот век го помина во Битола, неговите корени и првите музички чекори секогаш беа врзани за Велес.

Agria

Како професор по виолина во Државното музичко училиште во Битола, со децении им го пренесуваше знаењето и љубовта кон музиката на младите генерации, создавајќи бројни успешни ученици.

Особено значаен е неговиот придонес како основач на камерен оркестар, преку кој даде силен импулс за развој на камерната музика. Паралелно, беше препознатлив како член на групата „Негрос“, но и на битолската група „Мегдан“, оставајќи белег и на естрадната сцена.

Како солист настапуваше и со „Битолски Конзули“, а во текот на својата кариера многупати учествуваше на музичките фестивали во Македонија – „Валандово“, „Цветници“, „Тетовски филиграни“, „Интерфест Битола“, „Серенада“ и други.

Со неговото заминување, Битола и Велес загубија истакнат културен деец, а македонската музичка сцена – посветен професор и уметник кој својот живот го вложи во музиката.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: