Во текот на вчерашниот ден, велешката полиција регистрирала два одвоени случаи на семејно насилство, при што се лишени од слобода две лица, информираат од СВР Велес.
Првиот случај се случил на 5 април 2026 година околу 19:30 часот на автопатот Градско–Велес, каде полициски службеници лишиле од слобода 48-годишен маж од Скопје. Тој бил пријавен дека во своето возило физички ја нападнал својата 29-годишна партнерка. За настанот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи Велес, а по целосно документирање ќе следува соодветна пријава.
Претходно истиот ден, во 13:10 часот, во Велес бил приведен и 65-годишен велешанец, по пријава дека на Градскиот пазар агресивно се однесувал кон својата 62-годишна сопруга и оштетил предмети. Лицето било задржано во полициска станица, за случајот бил известен јавен обвинител, а по негово расчистување ќе биде поднесена соодветна пријава.

















