Од утре, 10 април, започнува целосната имплементација на системот за влез во ЕУ (EES – Entry/Exit System), со што на надворешните граници на Европската унија се воведува нов, дигитализиран начин на евиденција и контрола на државјани кои патуваат за краткорочен престој, а се од држави кои не се членки на ЕУ.
Воедно МВР известува дека од страна на Граничната полиција на нашата држава се преземени сите потребни мерки и активности, односно ставени се во функција сите расположливи материјално-технички и човечки ресурси, со цел обезбедување брз и непречен проток на патници на нашите гранични премини.
„Граничната полиција ќе постапува со засилена ангажираност на терен, континуирано ќе ја следи состојбата, ќе презема соодветни мерки за одржување на проточноста на сообраќајот и ќе ги информира граѓаните за сите важни информации поврзани со примената на системот“, додаваат од МВР.

















