Полициски службеници од СВР Велес на 13 април во 10:30 часот ги лишиле од слобода Ѓ.Ш. (33) и Ѓ.З. (41), двајцата од Велес, поради сомнение за сторено кривично дело разбојништво.
Како што информираат од полицијата, тие постапиле по претходна пријава дека на 12 април осомничените влегле во домот на 59-годишниот В.Н. од Велес, каде физички го нападнале и му одзеле предмет.
По преземените мерки, лицата биле приведени во полициска станица, а одземениот предмет бил пронајден и вратен на сопственикот. За случајот бил известен јавен обвинител, а по негово целосно документирање против осомничените ќе биде поднесена соодветна пријава.

















