Пијана велешанка направила хаос. Полицијата ја уапсила откако го нападнала сопругот, а подоцна на улица возела пијана и со возилото се судрила со друго возило. Завршила со повреди,
– На 19.04.2026 во 21:45 часот, во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода З.Б.П.(33) од Велес. Според пријавеното, таа во домот физички го нападнала нејзиниот 32-годишен сопруг, а подоцна со нејзиното патничко возило „фиат“ со велешки регистарски ознаки на улица „Благој Ѓорев“ во Велес учествувала во сообраќајна незгода со патничко возило „рено“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.В.(69) од Велес, соопштија од полицијата.
Таа била задржана во полициска станица и известен бил јавен обвинител. Ќе се соочи со соодветна пријава.

















