Велес се поклони пред бесмртните, 123 години од подвигот на Гемиџиите

Под мотото „Чествување за бесмртните“, Општина Велес ја одбележа 123-годишнината од Солунските атентати и саможртвата на Гемиџиите – симболот на непокорот и борбата за слобода.

Делегација на Општина Велес, предводена од градоначалникот Марко Колев, положи свежо цвеќе пред споменикот на Гемиџиите, оддавајќи почит на нивното херојско дело. Во чествувањето се вклучија и советници од Советот на Општината, претставници на политички партии, јавни институции и Армијата, испраќајќи заедничка порака дека нивната жртва никогаш нема да биде заборавена.

Agria

Со особена емоција беа споменати имињата на Јордан Поп Јорданов – Орцето, Димитар Мечев – Мечето, Константин Кирков, Илија Трчков, Владимир Пингов, Георги Богданов, Милан Арсов, Тодор Органџиев, Тодор Богданов, Илија Поп Јорданов и Алексо Минов – младинци чие дело останува врежано во колективната меморија. Нивниот аманет – „да се арчиме за Македонија“ – и денес одекнува како повик за љубов, пожртвуваност и одговорност кон татковината.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: