Велешанец пријавен за агресивно однесување и закани кон вработени во основно училиште

Полициски службеници од СВР Велес извршиле службен разговор со 39-годишен велешанец, по пријава дека агресивно се однесувал и упатувал закани кон вработени во основно училиште во Велес.

Zito baner

Според информациите од полицијата, станува збор за Д.З. (39) од Велес, кој бил повикан на разговор на 7 мај во 10 часот, по претходна пријава поврзана со настан што се случил на 19 април годинава во училиштето каде учела неговата ќерка.

Agria

Од СВР Велес информираат дека службени разговори биле извршени и со дел од вработените во училиштето, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: