СДСМ Велес: Раковoдствoто на Дервен крие инцидент со прегазување со трактор. ЈКП Дервен: Се работи за пад, СДСМ шпекулира!

„Дали е точно дека лицето (Ј.Ф.) вработено во ЈКП Дервен било прегазено со трактор за време на извршувањето на работните задачи во с. Сујаклари?“, прашуваат од СДСМ Велес во јавно обраќање до директорот на ЈКП Дервен Горан Наунчев и градоначалникот на Општина Велес Марко Колев.

Zito baner

Од СДСМ поставуваат серија прашања поврзани со инцидент што, според нивните наводи, се случил на 30 април околу 11 часот во село Сујаклари, при извршување работни задачи за собирање смет. Во реакцијата прашуваат дали трактор управуван од лице ангажирано со договор на дело прегазил вработен во претпријатието, кој, како што наведуваат, е лице со интелектуална попреченост.

Agria

„Дали се обидовте да го прикриете случајот и да ја искористите можноста да го замолчите и заплашите повредениот, знаејќи дека се работи за лице со интелектуална попреченост?“, прашуваат од СДСМ.

Партијата отвора прашања и за тоа дали случајот бил навреме пријавен во полиција и дали повредениот веднаш бил однесен во болница, како и за исправноста и регистрацијата на возилата што ги користи претпријатието и валидноста на возачките дозволи на дел од возачите.

„Кој ќе понесе одговорност за безбедноста на вработените, особено кога станува збор за лица со попреченост?“, стои во реакцијата на СДСМ Велес.

Од ЈКП Дервен ги демантираат наводите и велат дека не станува збор за прегазување, туку за пад на вработен.

„При извршување на работни задачи на 30ти Април, наш вработен стоејќи на спојникот од тракторот (каде не смее да се стои), паднал на земја и се здобил со лесни повреди (модринки). Истиот е прегледан во болница и со оглед на фактот што нема никакви сериозни повреди е вратен на работа. Настанот се случил поради невнимателност од страна на вработениот и непочитување на правилата за безбедност при работа од негова страна.“

Од претпријатието наведуваат дека вработениот бил прегледан во болница и вратен на работа, бидејќи немал сериозни повреди. Според Дервен, случајот се случил поради невнимателност на самиот вработен и непочитување на правилата за безбедност при работа.

„Не е точно дека тракторот го прегазил, за што вработениот има дадено и изјава.“

Во реакцијата се наведува дека настанот бил пријавен во МВР, каде бил извршен увид и било утврдено дека тракторот е исправен и регистриран. Од Дервен тврдат и дека сите возачи во претпријатието имаат валидни возачки дозволи, а случајот бил пријавен и во Државниот инспекторат за труд.

„За горенаведеното располагаме со соодветна документација (докази). ОО од СДСМ нема никаков доказ за искажаните невистини и ги замолуваме во иднина да не се служат со непроверени информации пред да излезат во јавност за да не го нарушат својот углед и доверба кај оние за кои тие информации се наменети“, реагираат од ЈКП Дервен.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: