Во просториите на Локална библиотека „Гоце Делчев“ Велес денес се одржа промоција на брошурата „Приказна за една идеја“, изработена на Брајово писмо од волонтери на Црвен крст Велес.
Брошурата ја раскажува приказната за основањето на Црвениот крст, хуманата идеја од која произлегло движењето, како и значењето на солидарноста, хуманоста и помошта кон луѓето на кои им е најпотребна.
Со изработката на Брајово писмо, младите волонтери испратија силна порака за еднаквост, инклузија и достапност, овозможувајќи оваа важна приказна да биде достапна и за лицата со оштетен вид.
На настанот свое обраќање имаа секретарот на Црвен крст Велес, Орце Николов, Тони Пајдаков и дисеминаторот Матеја Матева, кои ја истакнаа важноста на младинските иницијативи и улогата на младите во создавање похумано и подостапно општество за сите.



















