Брајовото катче во велешката библиотека се збогатува, уште четири нови наслови за слепите лица

Уште четири книги на Брајово писмо ќе станат дел од Брајовото катче во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес, благодарение на Тони Пајдаков од Здружението на слепите лица на Општина Велес. Со овој гест, библиотеката продолжува да го проширува фондот на литература достапна за лицата со оштетен вид и да ја негува инклузивноста во културниот живот на градот.

Zito baner

Со оваа донација, фондот на Брајовото катче во библиотеката дополнително се збогатува, овозможувајќи им на лицата со оштетен вид поголем избор на литература и пристап до содржини кои за нив значат многу повеќе од обична книга.

Agria

Локална библиотека „Гоце Делчев“ Велес останува единствената локална библиотека во државата која располага со вакво Брајово катче, што уште еднаш ја издвојува како пример за современа, отворена и општествено одговорна институција.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: