МВР: Малолетник со нож нападнал ученик во основно училиште

Министерството за внатрешни работи информира дека е уапсен 15-годишник откако со остар предмет нападна ученик во основно училиште во општина Гази Баба во Скопје.

Zito baner

Според информациите инцидентот се случи во ООУ „25 Мај“ во населбата Ченто.

Agria
„На 11.05.2026 во 14:50 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 15-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од општинско основно училиште на подрачјето на Гази Баба, дека пријавениот влегол во училиштето и со остар предмет му нанел тешки телесни повреди на 15-годишен ученик во училиштето. Предметот е одземен и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, соопштија од МВР.

Повреденото дете е пренесено во болница, каде врз него е извршен оперативен зафат., состојбата во моментов е стабилна, но сеуште е крутична.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: