Автобус се запали во близина на патарината Отовица, патниците навреме евакуирани

Вистинска драма попладнево се одвивала на автопатот Велес – Скопје, откако автобус со прилепски регистарски таблички избувнал во пламен во близина на патарината Отовица.

Zito baner

Според првичните информации, пожарот избувнал додека автобусот се движел во правец кон Скопје, предизвикувајќи вознемиреност кај возачите и патниците кои во тој момент поминувале по автопатот. Благодарение на брзата реакција, сите патници навреме го напуштиле возилото и, за среќа, нема повредени лица.

Agria

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека веднаш по пријавата на местото биле испратени екипи на Територијалната противпожарна единица Велес, како и полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес.

Поради интервенцијата и гаснењето на автобусот, сообраќајот на автопатот А1 на делницата Велес – Скопје, кај патарината Отовица, се одвивал отежнато. Од Авто мото сојузот на Македонија соопштија дека од 17:25 часот сообраќајот се пренасочувал и се одвивал по една коловозна лента.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: