Спектакуларно започна 70то издание на Песна на Еврвизија во Виена, Австрија. Преку претставување на 25те финалисти, водителите Викторија Сваровски и Михаел Островски ги најавија финалистите во придружба на Виенскиот симфониски оркестар.
Годинашното издание на Евровизија се одржа во арената „Винер Штатхале“ во Виена, откако Австрија минатата година победи со песната „Вејстед лав“. Годинава се пееше на 13 јазици, а повеќето земји направија и спој во песните од мајчиниот јазик со англискиот.
Финалето го отвори со минатогодишниот победник Џеј-Џеј, кој ќе ја изведе песната „Кралицата на ноќта“, по што започна евровизиската трка
Прв настапи претставникот на Данска, а по него следуваа настапите на Германија, Израел, Белгија, Албанија, Грција, Украина, Австралија, Србија, Малта, Чешка, Бугарија, Хрватска, Велика Британија, Франција, Молдавија,Финска, Полска, Латвија, Шведска, Кипар, Италија, Норвешка, Романија, а трката ја затвори домаќинот Австрија.
Победникот и оваа година беше избран преку комбинација од гласовите на националните жири-комисии и телефонското гласање на публиката, што традиционално знае целосно да ја промени табелата во последен момент. Годинава беше дозволено да се гласа од еден број најмногу десет пати.
По повод 70-годишнината од Евровизија, следуваше уште едно потсетување на сите 25 песни. Додека траепше гласањетo, на сцената се појавија евровизиски претставници кои настапувале низ годините, Верка Сердучка, Александар Рибак, Руслана,Манс Зимерло, Ерика Вилкман „Лорди“ и Хелена Папаризу кои преку спекракурлна изведба не потсетија на песните низ изминатите години на Евровизија, дел кои победиле на Евровизија, дел кои станале големи хитови иако не победиле, а заеднички ја изведоа и песната “Сино обоено во сино“ попозната како Воларе, која официјално го држи рекордот на песна што е препеана на сите светски јазици, а не победила на Евровизија во 1958 година, изведена од Доменико Модуњо.
Според обложувалниците, финското дуо составено од виолинистката Линда Лампениус и пејачот Пит Парконен со месеци беше на врвот на топ листите како можен победник со нивната енергична песна „Liekinheitin“ . Нивниот спој на класична виртуозност и рок енергија се смета за добитна комбинација.
Во 2000 година, Европската радиодифузна унија воведе правило според кое на четирите земји со најголеми финансиски придонеси во натпреварот – Шпанија, Германија, Франција и Обединетото Кралство – им беше загарантиран пласман во финалето секоја година. Кога Италија им се придружи во 2011 година, групата стана позната како „Големата петорка“. Годинава, за прв пат беше само Гопемата четворка, бидејќи Шпанија се откажа од учество поради настапот на Израел. Покрај Шпанија, учеството го откажаа и Ирска, Шпанија, Холандија, Словенија и Исланд.
Непосредно пред прогласувањето на победникот, познатиот австриски продуцент и диџеј Паров Стелар, и поранешниот австриски претставник Цезар Сампсон, изведоа визуелно-музичка почит кон Виена. Викторија не потсети и на единствениот момент во историјата на Евровизија кога во 1969 година кога четири земји Холандија, Шпанија, Франција и Велика Британија, на крајот имаа ист број на поени, а гласањето од жирито беше завршено и мораше сите четири песни да се прогласат за победници. По ова беше воведен системот со 12 поени за да се спречи Евровизија да има повеќе првопласирани. Доколку сепак се случи, тогаш победникот е оној кој добил најмногу 12 или најмногу 10 поени, во текот на гласањето. Единствен таков пример беше Евровизија во 1991.
Прва гласаше Швајцарија и првата 12ка ја доби Украина. Добрососедското гласање и годинава остана традиција на Евровизија, Црна Гора И Хрватска 12ка и дадоа на Србија, но Србија 12ка даде на Грција. Иако Финска беше фаворит на сите табели, Бугарија изненади со бројот на гласови што ги доби од повеќето земји.
Според гласањето на сите земји учеснички, Бугарија со 204 поени убедливо доминираше на табелата. Според гласовите на публиката, три земји добија нула поени. Откако Израел изби на првото место според гласовите, во салата се слушаа извици на негодување. На крај останаа Австралија и Бугарија, најмногу поени од публиката доби Бугарија и нејзината претставничка Дара со песната Bangaranga со освоени 516 поени и е победник на 70то издание на Евровизија и домаќин на следната Евровизија. Австралија, Малта, Данска и Литванија ѝ дадоа на Бугарија максимални 12 поени.



















