Приведен велешанец, полицијата нашла марихуана и таблети

Policija oznaka

Четириесетгодишен велешанец бил лишен од слобода откако полицијата кај него, во возилото и во неговиот дом пронашла дрога и други недозволени материи. Како што информираа од СВР Велес, на 16 мај околу 22:20 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го привеле С.С.(40) од Велес.

Zito baner

„Од страна на полициските службеници било сопрено патничко возило ‘опел’ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.С. и при преглед кај него и во возилото била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. Исто така, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, марихуана и таблети“, соопштија од СВР Велес.

Agria

Од полицијата додаваат дека лицето било приведено во полициска станица, за случајот бил известен јавен обвинител, а по негово целосно документирање против С.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: