„Прима Фацие“ вечерва во Велес: Моќна монодрама што отвора прашања за правдата и согласноста

Правен трилер што отвора тешки прашања за правдата, согласноста и моќта ќе биде изведен вечерва на сцената на НУ Театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес. Станува збор за монодрамата „Прима Фацие“, еден од најактуелните и најизведувани современи драмски текстови во Европа и пошироко, чиј автор е австралиската писателка и поранешна адвокатка Сузи Милер.

Zito baner

Претставата ја следи приказната на Теса Енслер, успешна адвокатка која најчесто работи на случаи на сексуален напад, бранејќи ги обвинетите, сè до моментот кога личен настан целосно не ја соочува со системот во кој длабоко верувала. Низ силна и емотивна приказна, „Прима Фацие“ отвора прашања за родовата нееднаквост, правната и личната вистина, како и за односот на институциите кон жртвите.

Agria

Монодрамата е во продукција на Здружението ТЕСА, преводот е на Благој Б. Бошковски, режијата ја потпишува Драгана Гунин, додека улогата на Теса Енслер ја толкува Сара Анастасовска. Изборот на музика е на Душко Вељановски.

По завршувањето на претставата ќе се одржи и јавна дискусија со психолог од Асоцијација ХЕРА и адвокат од Македонско здружение на млади правници, посветена на темите што ги отвора претставата.

Изведбата започнува во 20 часот, а проектот е поддржан во рамки на проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој го имплементира Хартефакт Фонд.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: