Падна предлогот на СДСМ: Владините функционери и натаму може да имаат двојно државјанство

Владејачкото мнозинство не го поддржа педлог-законот за измена и дополнување на Законот за Владата по скратена постапка, со кој се предвидува членовите на Владата да имаат исклучиво македонско државјанство. За предлогот на СДСМ гласаа 20 опозициски пратеници. Од СДСМ по гласањето соопштија дека „уште еднаш се потврдило дека ВМРО-ОКГ е партија полна со функционери со бугарски пасоши“.

Zito baner

Одбија да го прифатат предлог-законот на СДСМ, за министрите, вицепремиерите и министрите во Владата да не може да имаат двојни државјанства“, велат од партијата.

Agria

„Имаме Влада полна со функционери, министри, сите со бугарски пасоши и бугарски државјанства“, соопштија од СДСМ.

И претседателот на партијата Венко Филипче се јави со свој став. Тој вели дека промакедонската партија на Мицкоски, во која половина имаат бугарски пасоши, не сака да биде македонска.
„Уште еден доказ дека „промакедонската“ партија на Мицкоски, во која половина имаат бугарски пасоши, всушност не сака да биде македонска. Може целата Влада да биде составена од бугарски државјани, ама не може малцинствата да влезат во Уставот. Доста е со вашите лаги. Граѓаните јасно велат: Сакаме ЕУ!“

Од партијата обвинија дека функционери од ВМРО-ДПМНЕ, додека го блокираат европскиот пат на Македонија и намерно создаваат конфликти со Бугарија, поседуваат бугарски пасоши. Законското решение, претходно, го образложи координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, кој рече дека измените се предложени по скратена постапка и се поврзани со иницијативите за измените на Законот за пратеници.

„Со оглед на тоа што таков услов се поставува и во Законот за пратеници, односно пратениците во македонското Собрание можат да бидат исклучиво државјани на Република Северна Македонија, тогаш, сходно на тоа, треба да имаме едно вакво законско решение со кое практично ќе ограничиме исклучиво и единствено само државјани на Република Северна Македонија да можат да бидат избрани за членови на Владата“, изјави Спасовски.

Тој додаде дека граѓаните очекуваат највисоките државни функции да ги извршуваат лица кои имаат само македонско државјанство. „Гледате дека има добар дел граѓани кои сметаат дека носењето на вакво законско решение би било исправно во овој момент, членовите на Владата, оние што се обврзуваат дека ќе им служат на граѓаните, да бидат исклучиво државјани на државата на која ѝ служат“, рече Спасовски. Тој посочи и дека во јавноста веќе се отворени прашања за странски државјанства кај членови на Владата.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: