Македонски државјанин загина денеска во сообраќајна несреќа која се случила околу 13 часот кај Загвозд, во близина на туристичкото место Башка Вода во Хрватска, јавуваат хрватските медиуми, повикувајќи се на неофицијални информации.
Во тешката несреќа на автопатот А1, во близина на тунелот „Свети Илија“, учествувале патничко возило и комбе, а повеќе лица се повредени. На местото интервенирале екипи на итната помош, пожарникари и хеликоптер за медицинска евакуација.
Според хрватските медиуми, меѓу повредените има и дете со скршеница на ногата, а полицијата врши увид за утврдување на причините за несреќата.
























