Директор на училиште во Горно Јаболчиште осомничен дека го оштетил училишниот буџет за 850.000 денари

СВР Велес поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Велес против 59-годишниот Ј.А. од Горно Јаболчиште, општина Чашка, поради сомнение дека како директор на општинско основно училиште ја злоупотребил службената положба и овластување.

Zito baner

Според пријавата, Ј.А. во текот на 2023 година постапил спротивно на Законот за јавни набавки, иако училиштето имало донесен годишен план за јавни набавки.

Agria

Тој, како што информира полицијата, извршил исплати кон шест правни лица за набавка на стоки и услуги, без претходно да склучи договори за меѓусебна соработка и без да спроведе соодветни постапки за јавни набавки.

Со ваквото постапување, според наводите во кривичната пријава, е причинета материјална штета на буџетот на училиштето во износ од 850.823 денари.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: