Традицијата продолжува, ПД „Гемиџии 903“ со планинарско искачување до Свети Илија

Планинарското друштво „Гемиџии’903“ и годинава по повод големиот државен и верски празник Илинден организира традиционално искачување на ридот Свети Илија, висок 565 метри, по кое учесниците ќе го посетат и манастирот „Свети Илија“, кој се наоѓа од другата страна на ридот.

Zito baner

Собирот на учесниците е закажан за 1 август во 19:15 часот на плоштадот Сармаале, кај фонтаната, а колоната ќе тргне во 19:30 часот.

Agria

Искачувањето ќе започне од градот, преку Стариот мост, па покрај црквите „Света Богородица“ и „Свети Спас“, каде што е предвидена првата пауза. Од таму учесниците ќе продолжат кон врвот на Свети Илија, каде повторно ќе има краток одмор, по што ќе се упатат кон манастирот.

Илинденското искачување на Свети Илија е една од традиционалните активности со кои велешките планинари го одбележуваат празникот, но и можност празничната вечер да се помине во природа, со движење и дружење.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: