Сообраќајна несреќа меѓу две патнички возила се случи вечерва во 18:55 часот кај Градскиот саат во Велес. Според првичните информации, едното возило се движело од правец на Стариот мост, додека другото доаѓало од правец на маркетот „Жито“. Засега не е познато дали има повредени лица, ниту кои се причините за несреќата.
Полициски службеници веднаш пристигнаа на местото на настанот и го обезбедуваат просторот, а овој патен правец моментално е затворен за сообраќај. Несреќата се случи во време кога низ градот поминува коњаницата, поради што се создаде вистински сообраќаен хаос во централното градско подрачје.

Повеќе информации се очекуваат по увидот на надлежните служби.





















