Дваесет и деветгодишна велешанка е лишена од слобода откако била затекната при обид да изврши кражба во семеен дом во Велес.
Според информациите од СВР Велес, на 27 јули околу 5:25 часот полициски службеници ја привеле В.К. (29) од Велес. Таа со употреба на физичка сила и со подесен алат успеала да влезе во дом во сопственост на Ф.С. од Велес, каде се обидела да одземе предмети.
Во намерата била спречена и фатена од полициските службеници, по што била приведена во полициска станица.
За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.






















