Успешно беше реализирана втората крводарителска акција во Горно Јаболчиште, на која 20 крводарители уште еднаш ја потврдија својата хуманост и солидарност дарувајќи крв за оние на кои таа им е најпотребна.
Акцијата беше организирана од Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Велес, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина – Скопје, а со поддршка од локалната заедница.
Од Црвениот крст изразија благодарност до сите граѓани кои се вклучија во акцијата, нагласувајќи дека секоја дарувана единица крв може да спаси нечиј живот. Воедно, упатија порака дека ваквите хуманитарни активности имаат особено значење за обезбедување доволни резерви на крв и за поттикнување на свеста за доброволното крводарителство.





















