Со 2,20 промили зад волан, приведен 61-годишен велешанец

Ниту високите казни не ги намалуваат прекршоците во сообраќајот. Речиси секојдневно полицијата санкционира возачи кои седнуваат зад воланот под дејство на алкохол или без да се стекнале со право на управување.

Zito baner

Последен пример е 61-годишен велешанец, кој синоќа бил фатен како вози со 2,20 промили алкохол во крвта.

Agria

На 29 јули во 19:10 часот, на улицата „Вардарска“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Х.Б. (61) од Велес. Тој бил запрен при сообраќајна контрола додека управувал автомобил „сеат алтеа“ со велешки регистарски ознаки.

Алкотестирањето покажало дека возачот бил во тешка алкохолизирана состојба, со измерени 2,20 промили алкохол во крвта.

Х.Б. бил задржан во полициска станица, а возилото му било одземено. За случајот бил известен јавен обвинител и по целосното документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: