Жешкото време и високите температури го зголемуваат ризикот од пожари на отворен простор. Денеска пожар избувна во населбата Превалец, поточно на кривините по патот кон населбата.
На терен се екипи на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес, кои интервенираат на пожарот и работат на негово ставање под контрола.
Пожарот се случува во период кога низ земјава е зголемен ризикот од ширење на огнот поради високите температури и сувото време.
Владата прогласи кризна состојба на целата територија на државата поради зголемениот ризик од пожари на отворен простор и шумски пожари. Кризната состојба е во траење од 30 дена, почнувајќи од 1 август 2026 година.






















