Пожарот кај Велес и Зелениково се шири кон Карабуниште, Добрино и Тисовица, 25 пожари низ земјава

Пожарот кај селото С’лп, во месноста Горно Село, на подрачјето меѓу Велес и Зелениково, утрово се шири кон Карабуниште, Добрино и Тисовица, при што огнот зафаќа ниска вегетација, но и дабова и габерова шума.

Zito baner

Овој пожар е едно од четирите активни жаришта во земјава. Според утринскиот извештај на Центарот за управување со кризи, до 07:30 часот се регистрирани 25 пожари на отворен простор. Од нив, четири се активни, три се под контрола, а 18 се изгаснати.

Agria

Покрај пожарот меѓу Велес и Зелениково, активно гори и во Студеничани, каде огнот се движи на потегот Моране – Вртекица – Рамни Габер и зафаќа мешана шума. Активен пожар има и на подрачјето на Македонски Брод, во месноста Видуш, кај Драгов Дол и Локвица, каде гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки.

Четвртото активно жариште е на подрачјето на Јегуновце и Сарај. Пожарот се движи од селата Копанце и Туденце кон Бојане, при што е зафатена мешана шума. Уште три пожари се водат како ставени под контрола. Два се во Крушевско – на потегот Алданци–Норово и меѓу Борино и Житоше, додека третиот е на градската депонија во Кратово.

Утринскиот биланс покажува дека пожарите не се ограничени на едно подрачје, туку се појавуваат на повеќе места низ земјава. Меѓу 18-те изгаснати пожари има и неколку интервенции на диви депонии и ѓубришта – во Студеничани, Брвеница, Свети Николе и Битола.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: