Расчистени две измами во Охрид и Струга, осомничени двајца велешани

pari - evra

Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал, во координација и соработка со СВР Охрид и СВР Велес, расчисти две кривични дела „измама“, извршени во Охрид и Струга, со кои била стекната противправна имотна корист од 5.500 евра. По преземените мерки и активности, утврдено е дека сторители се А.С. и Д.С., двајцата од Велес.

Zito baner

Денеска, 19 август 2026 година, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Велес, со судска наредба, извршиле претрес во домот на осомничените во Велес. При претресот биле пронајдени и одземени повеќе лажни банкноти во евра во различни апоени, српски динари, повеќе златници и предмети со жолтеникава боја налик на злато, циркони, алки и синџири, кутии за накит, како и мобилни телефони за кои постојат сомненија дека биле користени при извршувањето на кривичните дела.

Agria

По целосното документирање на случајот и во координација со јавен обвинител, против А.С. и Д.С. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: