На 20 август во 14:10 часот на регионалниот пат Чашка–Велес, полициски службеници од Полициското одделение Чашка го лишиле од слобода Б.С.(25) од село Горно Јаболчиште, општина Чашка.
Тој бил сопрен при сообраќајна контрола додека управувал мотоцикл „Хамачи“. По извршените проверки било утврдено дека Б.С. го управувал мотоциклот пред да се стекне со право на управување.
По насоки од јавен обвинител, 25-годишникот бил приведен во полициска станица, а мотоциклот бил одземен.
По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.






















