На 22 август во 11:15 часот, на регионалниот пат Велес–Богомила, во општина Чашка, полициски службеници од Полициското одделение Чашка лишиле од слобода 17-годишник од село Стари Град.
Малолетникот бил сопрен при сообраќајна контрола кај местото викано „Крстосница Богомилска“, при што било констатирано дека управувал мотоцикл „Хамачи“ без регистарски ознаки. По извршените проверки било утврдено дека 17-годишникот го управувал мотоциклот пред да се стекне со право на управување.
По насоки на јавен обвинител, тој бил приведен во полициска станица, а мотоциклот бил одземен. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.





















