Велешките крводарители и на високите температури ја покажаа својата хуманост

Велешките крводарители повторно ја докажаа својата хуманост. И покрај високите температури и исклучително топлото време, голем број граѓани се одзваа на денешната крводарителска акција и даруваа од најскапоцената течност.

Zito baner

На акцијата пристигнаа 112 крводарители, од кои 97 даруваа крв. Особено радува фактот што еден од нив денеска за првпат ја даруваше крвта и се приклучи на големото хумано семејство.

Agria

Акцијата заеднички ја реализираа Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, со поддршка од Театар „Џинот“. Во реализацијата на акцијата учествуваа и петмина волонтери од Клубот на млади при Црвениот крст.

Од организаторите упатуваат голема благодарност до сите крводарители кои и во услови на високи температури ја покажаа својата солидарност и хуманост, помагајќи да се обезбедат неопходните количества крв за оние на кои им е најпотребна.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: