ТППЕ Велес: Нема простор за паника поради зголемената задименост во градот

Територијалната противпожарна единица Велес ги известува граѓаните дека нема простор за паника поради зголемената задименост забележана во градот.

Zito baner

Од ТППЕ Велес информираат дека димот кој се чувствува и забележува во Велес доаѓа од пожарот во реонот на Зелениково, а не од пожар кој избувнал во самиот град. Екипите ја следат состојбата и се преземаат потребните мерки за справување со пожарот.

Agria

Од противпожарната единица апелираат до граѓаните да останат смирени и да не шират непроверени информации, со цел да не се создава дополнителна вознемиреност кај населението.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: