По три недели почина 13-годишникот избоден во срце со нож во Бутел

Napad so noz

Три недели по физичката пресметка во Бутел, во која беше избодено со нож во срце, почина 13-годишното дете кое по инцидентот се наоѓаше во критична состојба, објави тетово1.

Zito baner

Инцидентот се случи на 31 август околу 22 часот на улицата „Македонско-косовска бригада“, каде дошло до физичка пресметка меѓу две групи. Во тепачката биле вклучени пет лица, од кои четворица малолетници и едно полнолетно лице.

Agria

Од Министерството за внатрешни работи тогаш информираа дека во пресметката биле користени ножеви. По настанот, полицијата одзела три ножа, гумена палка и други предмети.

Повредени биле повеќе лица, а најтешко настрадало 13-годишното дете. Тоа веднаш било пренесено во болница, каде лекарските екипи во изминатите недели се обидувале да му го спасат животот.

Сепак, по околу три недели лекување, детето им подлегнало на здобиените повреди.

Веста за неговата смрт доцна синоќа ја објавија повеќе медиуми на албански јазик.


Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: