ЕУ од денеска забранува извоз на пластичен отпад во Македонија

Postaveni sinite za EU4

Европската Унија од денеска, 21 ноември, го забранува извозот на пластичен отпад во Македонија и во останатите земји што не се членки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Забраната ќе важи најмалку до 21 мај 2029 година, а го опфаќа и чистиот, неопасен пластичен отпад наменет за рециклирање.

Zito baner

Тоа значи дека компаниите од ЕУ повеќе нема да можат да испраќаат ваков отпад во Македонија, дури и кога е наменет за преработка. Според податоците на Светската банка, во 2024 година членките на ЕУ пријавиле извоз на 323,5 тони пластичен отпад во земјава, во вредност од околу 46.400 долари. Најголемите количини биле испратени од Хрватска и Грција. Податоците не го покажуваат обемот на испораките во 2026 година.

Agria

Европската комисија објаснува дека со забраната сака да спречи отпадот создаден во Унијата да предизвикува загадување и здравствени ризици во други земји.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: