41-годишен велешанец бил лишен од слобода откако полицијата го затекнала како управува автомобил под дејство на алкохол.
На 20 ноември, во 02:30 часот, на улицата „Димитар Влахов“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес сопреле патничко возило „фолксваген пасат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Н. (41).
При извршената контрола било утврдено дека возачот управувал под дејство на алкохол, при што алкотестот покажал 1,75 промили алкохол во крвта.
По насоки на јавен обвинител, возачот бил приведен во полициска станица, а возилото било одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.




















