Синдикалната кошница во ноември поскапе за 469 денари, на семејство му требаат 70.827 денари

Potrosuvacka kosnica

На едно четиричлено домаќинство во ноември му биле потребни 70.827 денари за покривање на основните месечни трошоци, покажува најновата пресметка на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Тоа е зголемување за 469 денари во однос на октомври, кога синдикалната минимална кошница изнесуваше 70.358 денари.

Zito baner

Трошоците се уште повисоки за семејствата кои живеат под кирија. За домаќинство кое користи стан од 60 квадратни метри, потребната сума достигнува 86.202 денари месечно, односно 15.375 денари повеќе од основната синдикална кошница.

Agria

Во оваа пресметка, за кирија, вода, електрична енергија и греење се предвидени вкупно 21.754 денари.

Најголем дел од семејниот буџет и натаму оди за храна и пијалаци, за кои во ноември се потребни 25.902 денари. За сметки, без трошоците за кирија, се предвидени 6.379 денари, додека за превоз се потребни дополнителни 5.105 денари.

Синдикалната минимална кошница претставува пресметка на средствата потребни за месечно функционирање на едно четиричлено домаќинство, а не реална потрошувачка на секое семејство. Сепак, таа дава слика за растот на животните трошоци и финансискиот притисок со кој се соочуваат граѓаните, особено оние кои немаат сопствен дом.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: