„Мовемберска 5ка“ во сабота во Велес – пет километри за машкото здравје

Во Велес во сабота, 21 ноември, ќе се одржи рекреативното трчање „Мовемберска 5ка“, организирано од иницијативата Мовембер Велес, во соработка со Veles Run Club.

Zito baner

Настанот, кој годинава за првпат се организира во оваа соработка, е дел од одбележувањето на Мовембер и има за цел подигнување на јавната свест за важноста на машкото ментално и физичко здравје.

Agria

Трчањето ќе започне во 12 часот, а собирното место е паркингот кај Marquee во Велес. Учесниците ќе трчаат на дистанца од пет километри, без натпреварувачки карактер и без ограничување на темпото.

Преку спорт, дружење и заедништво, организаторите сакаат да ја истакнат важноста на превенцијата, редовните здравствени прегледи и отворениот разговор за машкото здравје.

На настанот се поканети сите граѓани кои сакаат да се приклучат и да дадат поддршка на иницијативата.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: