Денеска времето во земјава ќе биде променливо, со релативно високи температури за овој период од годината. Во утринските часови ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на денот се очекува да престанат и да настапи разведрување, се вели во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Претпладне ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови од земјата и силен ветер од западен правец кој повремено ќе достигнува брзина и над 80 километри на час.
Утринската температура ќе се движи во интервал од седум до 14 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 11 до 21 степен.
Во Велес, според синоптичарите, наутро ќе има услови за врнежи од дожд, а потоа во текот на денот се очекува да биде претежно сончево, со слаб до умерен ветер кој ќе дува од променлив правец. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до 20 Целзиусови степени.




















