Одбојкарите на Борец доминантни во Скопје, победа и за дамите во Куманово

Одбојкарите на Борец на гостувањето во Скопје кај екипата на Работнички одново ја покажаа својата доминантност, забележувајќи убедлива победа од 0:3 во сетови, во рамки на 5. коло од првенството. Велешани до триумфот дојдоа со сигурна игра и во трите сета, во кои славеа со 20:25, 22:25 и 23:25.

Zito baner

Борец има еден заостанат натпревар, оној против екипата на Струмица, кој дополнително може да влијае на нивниот пласман на табелата.

Agria

Успешен викенд имаа и одбојкарките на Борец, кои триумфално се вратија од гостувањето во Куманово. Велешанки славеа со убедливи 0:3 во сетови, со резултати 13:25, 22:25 и 21:25.

Со оваа победа, по шест одиграни кола, женската екипа на Борец се наоѓа на делба на втората позиција на табелата.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: