(ВИДЕО) Башкими остана без бодови во финишот, Победа славеше во 88. минута

Две минути го делеа составот на Башкими од Горно Јаболчиште од голем бод против фаворитот ГФК Победа од Прилеп. Сепак, гостите успеаја да го решат натпреварот во самиот финиш, славејќи минимална победа од 0:1.

Zito baner

Одлучувачкиот момент се случи во 88. минута, кога Даниел Карчески од пенал ја затресе мрежата на Башкими и донесе водство за прилепчани, кое се покажа како доволно за освојување на трите бода.

Agria

Со оваа победа, ГФК Победа се зацврсти на врвот на табелата со 31 освоен бод, додека Башкими од Горно Јаболчиште останува на осмата позиција со 13 бодови.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: