Гемиџии продолжува со максимален ефект, девет од девет за велешките пионери

Младите ракометари на Гемиџии кои се натпреваруваат во пионерската конкуренција продолжуваат да газат во првенството, остварувајќи ја и деветтата победа од исто толку одиграни натпревари.

Zito baner

Денес, на гостински терен, велешките пионери го декласираа составот на Вардар 1961 со убедливи 19:4, потврдувајќи ја својата доминација и одличната форма во досегашниот тек на сезоната. Посебно за одбележување е играта во одбраната, бидејќи Гемиџии во првото полувреме дозволија противникот да постигне само еден погодок.

Agria

Најефикасни во победничкиот состав беа Димитар Ризов со пет и Даријан Бобевски со четири постигнати голови.

Во следното коло велешаните ги очекува нов предизвик. На домашен терен ќе го пречекаат составот на Мулти Есенс, кој моментално се наоѓа на четвртата позиција на табелата со шест победи и три порази. Гемиџии ќе имаат можност да ја продолжат победничката серија и да го задржат максималниот ефект во првенството.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: