Променливо облачно со сончеви периоди

Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, прогнозираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од каде најавуваат и слаб до умерен ветер кој ќе дува од северен правец.

Zito baner

Утринската температура ќе се движи од пет до 13 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 18 до 26 степени. Најсвежо во текот на денот ќе биде во Маврово и Берово, а највисоката дневна температура се очекува да биде измерена во Гевгелија.

Agria

Во Велес, според синоптичарите, се очекува слично време, променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура во Велес ќе се искачи со 25 Целзиусови степени.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: