Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР) и Основното јавно обвинителство (ОЈО), презела истражни дејствија против македонски државјанин за кој постои сомнение дека е поврзан со странски фактори вклучени во креирање пропаганден апарат со мрежа на портали присутни во македонскиот медиумски простор.
Според информациите од АНБ, активностите биле спроведени на 18 септември 2026 година, како дел од континуираните мерки за откривање и попречување на пропагандни активности за кои Агенцијата оценува дека имаат за цел влијание врз јавниот дискурс во корист на странски интереси.
При претрес во домот на лицето биле пронајдени и одземени предмети кои во моментов се предмет на дополнително вештачење.
Од АНБ информираат дека постои сомнение за сторени кривични дела поврзани со предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост според член 319 од Кривичниот законик, одавање службена тајна според член 360 и ширење расистички и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем според член 394-г од Кривичниот законик.






















