Видливи повреди забележани кај ученичка во Велес, полицијата разговарала со нејзината старателка

prazna-ucilnica

Видливи повреди биле забележани кај ученичка во основно училиште во Велес, по што бил извршен лекарски преглед, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Zito baner

Според информациите од СВР Велес, на 26 октомври во полицијата бил пријавен случајот од Центарот за социјални работи во Велес, откако од стручната служба на училиштето биле известени за повредите кај ученичката.

Agria

Во врска со случајот, полициски службеници извршиле службен разговор со 57-годишна велешанка, законски старател на детето.

За настанот бил известен јавен обвинител. Од полицијата информираат дека по целосното расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: