Брвеница денеска избира градоначалник, во вториот круг се соочуваат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

izbori

Во десет населени места во Општина Брвеница денеска се одржува втор круг од изборите за градоначалник. Првиот круг од изборите се одржа на 18 октомври, но ниту еден од шестмината кандидати не го доби потребното мнозинство. Право на глас на 18 октомври имаа 16.256 граѓани, а излезноста изнесуваше 46,56% односно гласаа 7.565 избирачи. Најмногу гласови освоија кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Zito baner

Гласањето почнува во 7 часот кога се отвораат избирачките места и се гласа до 19:00 часот. Во Избирачкиот список се запишани 16.256 избирачи од кои 449 се на привремена работа во странство, а во затвор или во притвор се девет избирачи.

Agria

Победник на изборите е кандидатот кој добил поголем број гласови. Доколку и во вториот круг од кои било причини не биде избран градоначалник, изборната комисија во рок од 15 дена ја известува Владата.

Државната изборна комисија (ДИК) првичните резултати од изборите добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од Општинската изборна комисија (ОИК) во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.

ОИК првичните резултати од изборите ги објавува во рок од 7 часа по завршувањето на изборите врз основа на податоците од ИО, ги истакнува на огласна табла во општината и ги соопштува на јавните гласила.

ДИК конечните резултати од изборите ги објавува веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.

Жителите од десетте населени места во Општина Брвеница избираат градоначалник откако на 23 јуни 2026 година на 58-годишна возраст почина дотогашниот прв човек на општината, Јовица Илиевски. Функцијата на вршител на должноста градоначалник во изминатите месеци ја извршуваше Роберт Милошески.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: