Седум возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на различни локации низ државата поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик, информира Министерството за внатрешни работи.
Од приведените, тројца управувале моторно возило без положен возачки испит. Станува збор за Х.И. (39) од Велес, С.Ш. (36) од Куманово и А.Ш. (25) од селото Селце.
Двајца возачи биле фатени како управуваат возило под дејство на алкохол. Тоа се З.С. (43) од Куманово и З.З. (63) од Велес.




















