Превалец и Башкими ги поделија бодовите, Нешов повторно стрелец

Превалец и Башкими од Горно Јаболчиште одиграа нерешено 1:1 во натпреварот од осмото коло на Третата фудбалска лига – Регион 4.

Zito baner

Двата гола на средбата беа постигнати во период од само две минути. Гостите поведоа во 28. минута со погодокот на Емре Исмаил, но радоста на Башкими траеше кратко. Веќе во следниот напад, во 30. минута, најдобриот стрелец на Превалец, Ордан Нешов, го постигна израмнувачкиот гол за конечни 1:1. За Нешов ова беше петти погодок сезонава во првенството.

Agria

По осум одиграни кола, Превалец се наоѓа на осмото место на табелата со 11 освоени бодови, додека Башкими е десетти со девет бодови.

Во следното коло Превалец ќе гостува во Пепелиште кај Победа, додека Башкими на стадионот „Браќа Весови“ во населбата Чашка ќе го пречека составот на Вардар Неготино.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: