Борец 1919 испушти победа во 91. минута, Бучин се спаси од пораз

Borec Bucin

Фудбалерите на Борец 1919 испуштија победа од рацете на гостувањето кај Бучин, откако во самиот финиш од натпреварот дозволија домаќините да се вратат и да освојат бод со гол во 91. минута. Велешани имаа одлична предност од 2:0, откако Марио Наумовски во 51. минута го отвори резултатот, а Џељал Ибрахимовиќ во 79. минута ја зголеми предноста на Борец.

Zito baner

Сепак, радоста на гостите кратко траеше. Веќе во 82 минута, судијата Душко Панов досуди пенал за Бучин, кој Никола Толески го претвори во гол за 1:2. Истиот фудбалер во 91. минута повторно ја затресе мрежата на Борец и му донесе бод на домашниот состав.

Agria

По некомплетното осмо коло, Борец 1919 останува на второто место на табелата со освоени 15 бодови.

Во следното коло велешани ќе имаат можност за враќање на победничките патеки, кога на домашен терен ќе го пречекаат составот на Големо Коњари.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: