Актуелниот шампион Штип УГД убедливо го совлада Борец со 3:0 (25:14, 25:19, 25:15) во дербито од групата А во Првата одбојкарска лига во машка конкуренција. Велешани не успеаја да му парираат на фаворитот, кој со сигурна игра во сите три сета стигна до максимална победа.
За разлика од мажите, одбојкарките на Борец забележаа нов гостински триумф во Втората женска лига. На гостувањето во Скопје, велешкиот состав беше убедлив против Јанта Волеј Бутел, славејќи со максимални 3:0 (25:17, 25:20, 25:16).
Со оваа победа, девојките на Борец продолжуваат со успешните настапи во првенството и потврдуваат дека се сериозен конкурент во борбата за највисок пласман.




















