Претрес во Велес: Пронајдени дрога, дигитални ваги и голема сума пари, приведен 49-годишен велешанец

Акција на полицијата во Велес резултирала со пронаоѓање и одземање на бела грутчеста и прашкаста материја, дигитални ваги, пари и други предмети. Слободата му била одземена на 49-годишен велешанец, кај кого полицијата најпрво пронашла сомнителна материја во автомобил, а потоа извршила и претрес во неговиот дом.

Zito baner

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 29 октомври во 20:15 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од слобода С.С. (49) од Велес.

Agria

При преглед на патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.

По ова, со судска наредба од Основниот суд во Велес, бил извршен претрес во неговиот дом. Таму биле пронајдени и одземени дополнителни количества бела грутчеста и прашкаста материја, дигитални ваги, пари и други предмети.

Лицето било задржано во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител. Од МВР информираат дека по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: