Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд најавуваат метеоролозите за денеска. Во одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринските температури ќе се движат од 3 до 10 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 10 до 18 степени.
Во Велес денеска ќе преовладува претежно облачно време, а во утринските часови постојат услови за појава на слаба магла. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Температурата во Велес ќе се движи од 8 степени во утринските часови до максимални 16 степени во текот на денот.





















